Отворивме нова ќерка фирма во Подгорица, Црна Гора. Со неа мрежата на групацијата се проширува на уште еден пазар од Југоисточна Европа, каде што побарувачката за структурирано финансирање расте забрзано.

Фокус на новиот тим

  • Пристап до финансии за мали и средни претпријатија
  • Подготовка на апликации за ИПАРД и национални мерки
  • Бизнис планови и инвестициски програми
  • Поддршка за туристичкиот и агро секторот

Со над 3.000 реализирани проекти во регионот, нашиот пристап останува ист: работиме со клиентот од првичната идеја до исплатата на средствата и известувањето кон донаторот.